Командата за операции (КО) и годинава традиционално се вклучи во одбележување на денот на пролетта и екологијата. На ден 25.03.2025 година во касарната „Боро Менков“ во Куманово, во присуство на командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, беа засадени 20 садници на дрва. На акцијата присуствуваа и припадници на SEEBRIG, кои се лоцирани во касарната во Куманово.
Акции за садење садници и други видови цвеќиња, како и чистење на кругот на касарните беа реализирани и во касарните на првопотчинетите единици на КО.
Припадниците на КО активно се вклучени во акции од доменот на екологијата и заштита на животната средина и испраќаат порака за подигнување на свеста за екологијата и значењето на природата.