Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на Денот на Сквадронот за обука и тренинг, од составот на воздухопловниот ВИНГ.
„Сквадронот за обука и тренинг, формиран во 1996 година, продолжува да се развива како современа единица со целосна усогласеност со НАТО стандардите“ изјави командантот на Сквадронот за обука и тренинг, потполковник Борис Настовски.
Пред присутните со пригоден говор се обрати и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски, кој го истакна значењето на Сквадронот за обука и тренинг како клучен сегмент на воздухопловниот ВИНГ, место каде што се гради иднината на нашата авијација преку обука, менторство и посветена работа за националните потреби како и за соработката со нашите сојузници.
На крај од свеченоста, по повод Денот на единицата, пред стројот беа прочитани честитки и доделени стимулативни мерки за припадниците на сквадронот.
Освен командантот на вВИНГ на свеченоста присуствуваше и персоналот од вВИНГ, претставници од 1.пешадиска бригада, Командата за операции, Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.