Во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр), со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, го одбележаа 25 февруари- патронатот на касарната.
На одбележувањето присуствуваа претставници од командата и штабот на 1.пбр, претставници на Сојузот на борци од градот Тетово, кои со полагање на свежо цвеќе му оддадоа почит на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.
Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово, одржа командантот на 3.пб, потполковник Изеир Ејупи, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.
Претходно, по повод овој ден, во касарната беше спроведена крводарителска акција од страна на вработените во гарнизон Тетово.
ГЃ/ЧС