По повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Љупчо Мирчовски, Зоран Бубевски, Димитар Двојаковски и Никола Пехчевски, денес, 26 јуни 2026 година, делегација од Првата пешадиска бригада, предводена од командантот на бригадата, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, на покана на градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на четворицата бранители во Берово.
На пригодната комеморативна церемонија присуствуваа делегации на општина Берово, делегации од Армијата, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа, здруженија на бранители од Берово, членови на семејствата на бранителите како и други делегации и граѓани.
Со положувањето цвеќе беше оддадена почит на четворицата бранители кои ги положија своите животи во одбрана на татковината за време на воениот конфликт во 2001 година.
ГЃ/ДЧ








