Во текот на оваа недела на ден 03.06. во Македонски Брод и 05.06 во Вевчани се реализира „Отворен ден“ на АРМ за граѓаните на овие општини. На тактичко технички збор кој беше реализиран за оваа цел, се прикажа дел од опремата и вооружувањето со кои располага 4. механизираниот пешадиски баталјон (4.мпб)/ 1.механизирана пешадиска бригада од Кичево.
Припадниците на 4.мпб на неколку работни точки го презентираа пешадиското вооружување, борбените и неборбените моторни возила, артилериско вооружување средства за врски и останата опрема со која располага единицата.
Активноста предизвика голем интерес кај населението, што се потврди со големата посетеност, меѓу кои најбројни беа учениците од основните и средното училиште.
Овие активности се спроведуваат согласно Програмата на Генералштабот на на АРМ за приближување на АРМ до цивилните структури, а посебно во општините каде што нема воени објекти, како и популаризација кај младата популација.