Во период од 05.03 до 27.03.2015 година, механизиран пешадиски вод од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена Оперативна Команда (ЗОК) ги спроведоа подготовките за учество на вежбата „SABER JUNCTION 15“ (SJ-15) која ќе се реализира во Хохенфелс, СР Германија во период од 01.04 до 29.04.2015 година.
Согласно сценариото за вежбата и изработениот план за подготовки во касарната „Н.Х Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово низ реалистични сценарија блиски до сценариото на вежбата, водот спроведе обука од доменот на операции за поддршка на мирот.
Персоналот се обучуваше во постапките при работа на контролна точка, спроведување патрола, реакција на заседа, реакција на контакт и извлекување, постапки при наидување на импровизирани експлозивни направи и 4Ц процедури и постапки при офанзивни и дефанзивни борбени дејства.
Припадниците на АРМ од 3.мпб со учеството на оваа вежба покажуваат дека ЗОК и 1.мпбр во континуитет продолжуваат со учество на меѓународни вежби и се достојни на предизвикот за докажување на нивната врвна подготвеност при спроведување на операции за поддршка на мирот.