На ден 05.06.2023 година со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата во Битола, во знак на сеќавање на 22 годишнината од загинувањето на тројцата бранители: Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, почит оддадоа делегација од Армијата, семејствата на загинатите и останати институции од градот Битола.
Од страна на Регионалното одделение за одбрана Битола беше организиран и меморијален турнир во мал фудбал на кој првото место го освои екипата на Армијата од гарнизонот Прилеп.