Денес, во просториите на Првата пешадиска бригада (1.пбр) беше реализирана посета на командата и штабот на 1. пбр од страна на делегација од Вооружените сили на Кралството Норвешка, која беше пречекана од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски.
Во рамките на посетата, делегацијата имаше кратка средба со командантот на единицата, како и брифинг за мисијата на единицата, формациската поставеност, можностите и капацитетите, опремата со која располага, процесот на модернизација и постигнатите НАТО цели за способности и идните планови за развој на единицата.
Целта на посетата е размена на искуства и согледување на можноста за изведување на заеднички инженериски проекти помеѓу инженерискиот баталјон од Армијата на Република Северна Македонија и инженерискиот баталјон од ВС на Кралството Норвешка, пред сè во функција на развој на армискиот полигон „Криволак“.
ГЃ/СЛ