Командантот на НАТО Комбинираниот центар за воздухопловни операции во Торехон, К. Шпанија (NATO CAOC Torrejon), генерал-потполковник Хуан Пабло Санчез Де Лара, кој е во официјална посета на Армијата, денес беше во посета и на воздухопловниот ВИНГ.
За време на посетата му беа презентирани капацитетите кои ги поседува воздухопловната компонента на Армијата, како и процесот на нејзината модернизација. Генералот Хуан Пабло Санчез Де Лара ги посети и Сквадронот за обука и тренинг и Центарот за командување и контрола со воздушен простор.