Делегација на АРМ предводена од командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), генерал мајор Методија Величковски во период од 23-24 Јуни 2015 година оствари возвратна посета на Оперативната Команда на Вооружените сили (ОКВС) на Република Полска.
Согласно планот на посетата командантот на ЗОК оствари средба со командантот на ОКВС генерал потполковник Марек Томашицки, а се реализираа и посети на Оперативната команда и воздухопловната команда на вооружените сили на Република Полска.
На средбата со командантот на ОКВС теми на разговор беа нивото, облиците и перспективите на понатамошна соработка, искуствата на единиците од своите состави од учество во меѓународните операции, а се разгледани и можностите за изведување на заеднички вежбовни активности и обука.
За време на дводневниот престој делегацијата имаше прилика да се запознае со улогата и мисија на ОКВС во новиот систем на полските вооружени сили, улогата која ОКВС ја има во системот на националниот кризен менаџмент, ангажманот во меѓународни мировни мисии, концептот на претстојната вежба „Анаконда-16“, презентација за командата на центарот за специјални операции и командата на копнените сили на полската армија.
Посетата е на покана од командантот на ОКВС и е одраз на билатералната соработка која ја имаат армиите на двете земји , како и остварената негова посета на ГШ на АРМ и ЗОК во текот на месец април.