Ученици од основно општинско училиште „Ѓоргија Пулевски“, од Скопје денес остварија неколкучасовна посета на воздухопловниот ВИНГ како дел од цивилно воената соработка која воздухопловниот ВИНГ ја одржува со цивилните структури.
Учениците за време на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловниот ВИНГ и работата која ја вршат истите. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови во кои тие имаа можност да влезат и да ги разгледуваат, а пилотите или техничарите им одговораа на прашањата на учениците.
Ваквиот вид на соработка од делот на цивилно воената соработка продолжува и во понатамошниот период со голем број на училишта и градинки од Република Северна Македонија.
МД/ЧС