Во Командата за операции (КО) се реализира прием на 22 новопоставени потпоручници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, распоредени на должности во KO.
Новопримените офицери беа примени од страна на командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба потпоручниците беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и задачите кои ги има КО, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат. Од нив се очекува да ги применат знаењата кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување и ги надградат истите со цел успешно извршување на мисијата на КО и Армијата во целост.
На крајот од приемот на потпоручниците им беа соопштени наредби за поставување на должноста која ќе ја извршуваат во КО.
Ј.И