На ден 05.12.2013 година (четврток) во просториите на 1.Механизирана пешадиска бригада во касарната “Страшо Пинџур” во Петровец, се реализира работилница со Главните и Првите подофицери од 1.Механизирана пешадиска бригада.
Работилницата се реализираше на Тема: ”Улогата и функционалните должности на Главните и Првите подофицери во практичното извршување на секојдневните обврски, асистенција на нивните Команданти во командувањето, извршувањето и контрола, како и подобрување на работата на командирите на одделенија”.
На отварањето на работилницата присуствуваше Командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски кој истакна дека подофицерскиот кор како столб на Армијата преставува важен елемент од структурата на Армијата и истиот подразбира поседување на беспрекорни и лични карактеристики и задоволување на сите критериуми на знаење и вештина и пренесување на сето тоа на војниците. Реализацијата на работилницата ја предводеше Главниот подфицер во 1.мпбр главен наредник Џемаил Демири, кој по пат на презентација даде насоки за подобрување на изведување на обуката со акцент на методиката во изведување обука, подобрување на работата на Главните и Првите подофицери, водење соодветна документација како и стандардизација при изработка на потсетници за работа на командирите на одделенија.
Како заклучок од работилницата произлегоа насоки за суштински извршувања на должностите на Главните и Првите подофицери во потчинетите единици на 1.Механизирана пешадиска бригада во градење на здрава и квалитетна средина во која ќе преовладува континуирана и ефективна комуникација.