Во период од 12.11. до 16.11.2018 година, во кампот за обука „Пепелиште“ се реализираше национална работилница за изработка на спецификација (EXSPEC) за вежбата „REGEX-19“.
Работилницата е реализирана врз основа на Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003, а со цел навремена и непречена подготовка, организација и реализација на мултинационалната вежба „REGEX-19“ која ќе се реализира во период од 14.10. до 18.10.2019 година во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес.
За време на отворањето на работилницата, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски во своето обраќање ги поздрави учесниците на работилницата, даде насоки и им посака успешна работа. Воедно ги искажа целите на работилницата и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи и тоа спецификација на вежбата и Модул 1 од сценариото – геостратегиска ситуација.
Во текот на истата беше реализирано извидување на симулацискиот центар во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес каде што ќе се реализира вежбата.
Планирачкиот процес продолжува на почетокот на месец декември со работилница на која ќе учествуваат претставници од НАТО и партнер земјите кои ќе земат учество на вежбата.
ТЈ/ЗМ/НЈ