Во Командата за операции (КО) командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини денес оствари проштална средба со одбранбеното аташе на СР Германија, потполковник Дирк Вебер.
Бригадниот генерал Бесник Емини му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, потполковник Дирк Вебер за неговиот придонес во развивањето на воената соработка помеѓу Командата за операции и Вооружените сили на СР Германија, а на новоназначеното одбранбено аташе, потполковник Ханс-Петер Вамслер кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност, му посака добредојде и изрази уверување за продолжување и интензивирање на взаемната соработка.