Во периодот од 14.06 до 18.06.2021 година во инженерискиот баталјон (инжб) претставници од 7та Армиска команда за обука на Воените Сили на САД (ВС на САД) – (7th Army Training Command (7th ATC) реализираа обука со инженерискиот вод од составот на 1.инженериска чета на тема: „Route Clearance Development Program“. Обуката се реализира во согласност со Годишниот план за соработка со ВС на САД по М2М програма за 2021 година и во организација на Канцеларијата за билатерална соработка на Република Северна Македонија и САД.
Обука е од доменот на „Route Clearance“ и има за цел преку наставен и практичен дел да се извежбаат припадниците на инженерискиот вод за расчистување на патни правци од импровизирани експлозивни направи (ИЕН). Наставниот дел се состоеше од настава за специјалните оклопни возила „Хаска“ и „Бафало“ за пронаоѓање и уништување на ИЕН, техника за пребарување и обезбедување на терен од ИЕН, моторизирано и пешадиско пребарување на терен за пронаоѓање на ИЕН. Практичниот дел со ИЕН се реализира на полигонот за инженериска обука во „Стенковец“. На практичниот дел од обуката присуствуваа командантите на Командата за операции бригаден генерал Бесник Емини, командантот на инжб и Военото аташе на САД во Република Северна Македонија.
Претставниците од 7th ATC при изведување на обуката „Route Clearance Development Program“ стручно и професионално ги пренесоа своите знаења, како и личните искуства при нивното учество во мисии во кризни региони за пронаоѓање и уништување на ИЕН.
За време на обуката „Route Clearance Development Program“ се применија сите мерки на безбедност, претпазливост за заштита на животната средина и за заштита од КОВИД-19.
СЈ/ЧС