Во период од 24 до 27 .07.2023 година, во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец се реализираше Семинар за разузнавање („All Source Intelligence Course”) со тимот од 4-та бригада за асистенција на безбедносните сили на Армијата на САД (4.SFAB).
Командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Сашко Лафчиски,изрази благодарност до инструкторите и слушателите на семинарот.
Досегашното присуство на (4.SFAB) во 1.пбр имаше позитивно влијание врз целокупниот процес на менторирање во подготовка и реализација на обуката како и во размена на искуства помеѓу Армијата на САД и нашата Армија.