Во период од 12 до 14.11.2019 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализира вежба „Челичен бумбар 2019“, со учество на команда и штаб на воздухопловната бригада и првопотчинети единици.
Согласно изработеното сценарио за вежбата и задачите кои произлегуваат од истото, командата со потчинетите единици на вбр реализираа обука во брзо, навремено и сеопфатно решавање на мисијата. Вежбата имаше за цел подобрување на процедурите во делот на извидување на терен од воздух, транспорт на персонал, организација на противвоздушна одбрана на витални објекти, набљудување на воздушниот простор и пребарување и спасување на ранет припадник.
Активноста заврши со упатства за унифицирање, стандардизација при изработка на вежбовната документација и враќање на персоналот и материјално технички средства во матичните единици.
ГИ/ЧС