Според годишниот план за обука за 2018 година на 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), во период од 12.11. до 16.11.2018 година, припадниците од 2. механизирана пешадиска чета (2.мпч), на Армискиот полигон Криволак, реализираа планирани активности и гаѓања со оружјето на оклопниот транспортер „Хермелин“ (ОТ Хермелин), а персоналот од минофрлачката батерија 120мм (мфб 120 мм), реализираше боево артилериско гаѓање (АБГ).
За време на подготовката и реализацијата на активностите со наведените средства и орудија, се изведуваа борбени постапки во очекувачки реон, изведување на тактичка вежба со боеви гаѓања на механизирани пешадиски одделенија, вод и чета со вооружувањето на ОТ Хермелин.
Посебен акцент беше даден на оспособување и организирање на животот и работата во логорски услови, зголемување на степенот на обученоста на единиците за извршување на борбено-огнените задачи, усогласеноста на движењата на боиштето и извршување на задачи во услови на употреба на вооружувањето со користење на боева муниција и огнена поддршка.
Персоналот од единиците на 4.мпб, како и секогаш, покажа високо ниво на професионализам и обученост при реализацијата на сложените активности согласно поставените задачи кои што имаа за цел подобрување, одржување и зголемување на степенот на обученост и извежбаност на припадниците на баталјонот.
АС/СМ/НЈ