На 4-ти март во Штип, Виница, Куманово и Драчево се одбележа тринаесегодишнината од загинување на капетан Кирчо Димитров и професионалните војници (ПФВ) Теодор Стојановски и Дејан Јакимовски, припадници на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) чии животи трагично завршија во воениот конфликт во 2001 година.
Традиционално, на одбележувањето покрај положување на свежо цвеќе на гробните места се одржаа спортски натпревари помеѓу припадници од 1.мпбр, ученици, роднини и пријатели на загинатите.
Оваа година во родното место на капетан Кирчо Димитров, Виница, по иницијатива на советот на општината и градоначалникот на општината, а врз основа на одличната цивилно воена соработка, спортската сала во градот, во негова чест, го доби неговото име.
На церемонијата покрај припадниците на вториот механизиран пешадиски баталјон од Штип присуствуваа градоначалникот на општината, претставници од повеќе цивилни организации од градот, како и роднини и пријатели на починатиот.
Во Куманово, во сеќавање на загинатиот пфв Дејан Јакимовски припадници од составот на првиот механизиран пешадиски баталјон организираа и учествуваа во турнир во мал фудбал кој се спроведе во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“.