Во периодот од 12.01 – 23.01.2015 година во воздухопловната бригада (вбр) се реализираа состаноци со припадници на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Р. Хрватска.
Посетата на тимот од Р. Хрватска е дел од билатералната соработка на Армија на Република Македонија и Армијата на Р.Хрватска за размена на искуства и соработка во делот на воздухопловно техничкото одржување на хеликоптерите, особено во делот на инструменти радио и електроопрема.
Како дел од програмата претставниците од Р. Хрватска во текот на престојот во вбр по приемот кај командантот на воздухопловната бригада, полковник Кире Колевски реализираа повеќе состаноци на кои беа разменети искуства за хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24.
Припадниците на тимот се воздухопловни техничари за хеликоптери од состав на 91-та воздухопловна база од Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана на Република Хрватска.