Командантот на Командата за Операции (КО) бригаден генерал Бесник Емини, оствари проштална средба со досегашното одбранбено аташе на САД во Република Северна Македонија, полковник Мајкл Тарквинто.
Генералот Емини му се заблагодари на досегашната добра соработка и му посака успех во иднина.
Одбранбеното аташе оствари средба и со Командантот на 1. пешадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Сашко Лафчиски.