Во рамките на цивилно воената соработка во текот на месец Февруари командантот на гарнизон Прилеп, полковник Жарко Ристески реализира средби со дел од градоначалниците на општините во зоната на одговорност во гарнизонот Прилеп.
Средбите отпочнаа на 05.02.2014 година кога е реализирана средба со градоначалникот на Општина Кривогаштани г-дин Тони Заткоски, а следниот ден на 06.02.2014 година со градоначалникот на Општина Крушево г-дин Ѓорѓи Дамчески.
На 10.02.2014 година се реализираше средба со градоначалникот на Општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезовски. На оваа средба покрај градоначалникот присуствуваше и секретарот кој воедно е и советник за образование г-дин Гоце Соколевски и директорот на СОУ „Цар Самоил“ г-дин Наумче Тосковски.
На средбите кои се реализираа во просториите на општините се разговараше за унапредување на воспоставената меѓусебна цивилно воена соработка и можноста локалните самоуправи во зоната на одговорност да го дадат својот придонес во непречена реализација на активностите на единицата согласно нејзината мисија како и можноста единицата да пружи асистенција и поддршка на активностите на цивилните структури во општините према укажаната потреба.
На овие средби со градоначалниците во зоната на одговорност и нивните советници за образование се разгледа можноста за соработка со средните општински училишта. Оваа соработка би се реализирала со овозможување на учениците од средните училишта да ја посетат касарната и да се запознаат со условите за живот и работа, а дел од старешините од гарнизонот Прилеп да присуствуваат во училиштата со цел афирмација на војничката професија и АРМ и јакнење на патриотскиот дух кај младите луѓе.
Вакви средби се со цел воспоставување и унапредување на цивилно воената соработка и афирмација на единицата во зоната на одговорност. Во следниот месец ќе се реализираат средби и во останатите општини во зоната на одговорност кои не беа опфатени во месец Февруари.