На 26 октомври 2026 година, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, оствари официјална средба со одбранбеното аташе на Република Турција, полковник Кемал Џихан Башол.
Средбата се реализираше во просториите на Командата за операции во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Разговорите беа насочени кон досегашната билатерална соработка и перспективите за нејзино понатамошно унапредување преку конкретни активности и иницијативи. Беше истакнато значењето на континуираната комуникација, размената на професионални искуства и зајакнувањето на меѓусебната соработка.
Истиот ден одбранбеното аташе оствари работна средба и со командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чилаковски и командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.








