Во рамките на цивилно воената соработка на ден 19.12.2018 година во посета на баталјонот на Воена полиција беа ученици од средното стручно образование за лица со оштетен слух ДОЦУР „Партенија Зографски“ од Скопје.
За учениците беа организирани и реализирани неколку активности и тоа: презентација за единицата, тактичко технички збор (ТТ) и показна вежба.
На ТТ зборот учениците имаа ретка можност да се запознаат и да разгледаат дел од воено-полициската опрема, вооружувањето, дел од возилата со кои располага единицата како и да проследат показна вежба „Работа на службено куче во откривање на експлозив“.
Учениците покажаа голема заинтересираност за прикажаното вооружување и опрема.
Соработка со училиштата од општините во гарнизонот Скопје претставува одлична можност за презентација на капацитетите на АРМ и јакнење на цивилно воената соработка.
ВС/НЈ