Во касарната „Илинден“-Скопје, со воена свеченост во баталјонот за врски, од составот на Здружената Оперативна Команда(ЗОК), се изврши примопредавање на должност командант на баталјонот помеѓу потполковник Марјан Миленковски и потполковник Илија Дамчевски.
За време на свеченото примопредавање согласно правилото за воен протокол во АРМ, свое обраќање имаа командантот на ЗОК, досегашниот и новопоставениот командант на баталјонот за врски.
Во своето обраќање, командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, го истакна значењето и важноста на баталјонот за врски во функцирањето на АРМ, а воедно изрази благодарност на досегашниот командант на баталјонот за врски потполковник Марјан Миленковски за неговиот труд, ангажираност и посветеност во работата на целокупниот персонал за што баталјонот за врски беше одликуван со орден за заслуги од врховниот командант на Република Македонија.
Новопоставениот командат на баталјонот за врски потполковник Илија Дамчевски во својот говор истакна дека должноста која му е доверена ќе ја оправда и сите задачи ќе ги реализира професионално и оговорно.
Со соопштување на наредбите за поставување, и записникот за примопредавање како и примопредавање на военото знаме на единицата помеѓу досегашниот и новопоставениот командант и официјално потполковникот Дамчевски го презеде раководењето со единицата.
На свеченоста присуствуваа: командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, заменик командантот на пСО, полковник Сашко Лафчиски, началничите на секциите за врски на ГШ на АРМ и ЗОК и останатите команданти на првопотчинетите единици на ЗОК.
ДД/НЈ