Денес во касарната „Илинден” – Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за снабдување и транспорт (ЦСТ) помеѓу потполковник Никола Ангелов како предавач и потполковник Томе Јовевски како примач на должноста, во присуство на командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми, командантите на ППЕ на брЛП и други гости.
Во говорот командантот на брЛП, полковникот Мухарем Мухареми изрази благодарност на потполковник Никола Ангелов за вложениот труд и енергија во реализација на поставените задачи, со единица која врши логистичка поддршка на трето ниво на снабдување и транспорт за потребите на АРМ, нагласувајќи дека изградил добар колектив. На новиот командант му посака многу успех при извршување на должноста и надградување и надминување на неговиот претходник притоа не сомневајќи се во неговите квалитети.
Досегашниот командант на ЦСТ, потполковникот Никола Ангелов истакна дека во изминатите три години имал чест да ја води и командува единицата со која поминале низ многу предизвици. Упати порака до припадниците на ЦСТ: „Да се почитуваат меѓусебно, да ценат она што сите команданти и припадници на центарот го сториле и вложиле и да продолжат во развивањето и унапредувањето”.
Новопоставениот командант, потполковник Томе Јовевски најпрво се заблагодари на укажаната доверба за поставување на должноста командант, истакна дека професионално ќе ја извршува должноста со цел оформување на поквалитетен војнички колектив кој би одговорил на сите поставени задачи.
СС/ЗВ/ЧС/БН