На ден 30.06.2023 година во касарната Кузман Јосуфовски – Питу во Тетово се реализира Tактичко технички (ТТ) збор за студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа – програма за Безбедност и Криминалистичка.
Целта на ТТ збор е студентите да се запознаат со тактичко-техничките карактеристики на одредени видови на вооружување како и ракување со истото.
На ТТ зборот учествуваа 8 студенти и 1 професор – одговорен за групата и истите покажаа голем интерес и задоволство за реализираната активност.
АД/ЧС