На ден 26.02.2021 година командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски учествуваше на онлајн Форумот за стратегиски комуникации за вежбата „Defender 21“.
На форумот учествуваа командантите на копнените војски од НАТО и државите од Партнерството за мир (PfP) и се дискутираше за стратегиските теми и пораки поврзани со колективното учество на вежбата „Defender 21“.
Од страна на генерал Арсоски беше искажано нивото на подготовките за вежбата „Defender Europe 21“, под чиј чадор како национална вежба влегува вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се реализира во Република Северна Македонија.
Форумот беше во организација на командантот на Армијата на САД за Европа и Африка, Генерал Кристофер Каволи.
„Defender Europe 21“ се состои од вежбите „Swift Response 21“ (SR21), „Immediate Response 21“ (IR21), „Saber Guardian 21“ (SG21), и „Defender 21“ (D21) CPX, поддржана од Командата на САД за Европа (USEUCOM).
ЧС/ПА