Во период од 02. до 08.06.2024 година, одделение од составот на Баталјонот на Воена полиција (бВП), со две моторни возила, учествуваше на курсот „Training in Close Proection Team (CPT) во Р. Грција.
Курсот имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на воено-полициски задачи помеѓу двете армии.
Како и досега, припадниците на бВП со своето професионално и одговорно однесување придонесуваат за одлична можност за афирмација и подобрување на угледот на единицата, како и на Армијата во целост на меѓународно ниво.
За време на курсот, беше реализирана обука на повеќе теми и тоа:
Обука во самоодбрана, обезбедување на вип личности, разни гаѓања и друго. Притоа беше демонстрирано високото достигнато ниво на интероперабилност и способност за интеграција во меѓународните сили при извршување на операции со висок интензитет.
Со учеството на припадниците на бВП на вакви курсеви се овозможува подобро разработување на процедурите, техниките и тактиките во организирањето и изведувањето на воено-полициски задачи, согласно НАТО стандардите.