Во период од 5 до 8 мај 2026 година, припадниците на вториот и третиот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада активно се вклучија во еколошката акција „Генералка викенд 2026“, најмасовната волонтерска иницијатива за заштита на животната средина.
Во рамки на активностите за подигање на јавната свест за значењето на чистата и здрава животна средина, припадниците на Армијата реализираа активности за расчистување на претходно мапирани локации, во координација со вработените од Националниот парк „Шар Планина“ и Општина Штип.
Со своето активно учество и личен ангажман, припадниците на Армијата уште еднаш ја потврдија својата посветеност во зачувувањето на животната средина, давајќи конкретен придонес кон унапредување на општото добро и создавање почиста и поздрава средина за граѓаните во државата.
ГЃ/ДЧ








