Припадници од Армијата во периодот од 18-28.10 2021 година учествуваа на вежбата „Disaster Relief Military Mobility Exercise 21“, организирана од Вооружените сили на Република Словенија, со цел справување со кризи за време на елементарни непогоди,
Вежбата се реализира во повеќе региони во Словенија, во планинските региони, на пристаништето Копер, природните езера како и во дел од населените места и индустриски региони. Вежбата е водена од Здружената команда (JFC) на Вооружените сили на Р.Словенија со 20 земји учеснички.
Ова е прво учество на вежба од ваков карактер, каде што се обединуваат ситуациите во справување со кризи за време на елементарни непогоди, но и ситуации кога има терористички напади организирани од трети земји.
За време на реализацијата на вежбата тежиште во вежбовните активности беше дадено на: помош за време на елементарни непогоди, воената мобилност и операциите за заштита на силите и населението.
ВМ/ЧС/БН