Во 2.пешадиски баталјон (2.пб) во изминатиот период беше извршен прием и монтирање на далечински управувана вооружена станица на лесните оклопни возила (ЛОВ). По реализирањето на обуката за нишанџии на ЛОВ, по прв пат се реализираше гаѓање со митралезот 12,7мм, со употреба на станицата.
На гаѓањето присуствуваше командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Дејан Чиплаковски со старешини од командата и штабот на 1.пбр.
Со употребата на далечински управувана вооружена станица се постигна следниот крупен чекор од модернизацијата на Армијата и надградувањето на ЛОВ, кои се на употреба во 2.пб. Во следниот период овие активности ќе продолжат сѐ до постигнување на висок степен на опременост на ЛОВ и достигнување на потребните НАТО стандарди.
Согласно постигнатите резултати, се потврди обученоста и професионализмот за ракување со станицата, како и одличната подготвеност на нишанџиите за обединување на сите елементи за гаѓање и употреба на новата техника.
ГЃ/ДЧ