Мисија:
Планира, организира, координира и извршува логистичка поддршка на II рамниште на единиците кои се поддржуваат според шемата за логистичка поддршка и севкупна логистичка поддршка на единиците од својот состав.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функционални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправка;
– Движење и транспорт, инфраструктура;
– Услуги.
- Координирање и реализирање на барања за ЛП од командите и единиците кои се поддржуваат;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците кои се поддржуваат при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање или учество во мисии;
- Обезбедување на базна логистичка поддршка за единиците кои се сместени во касарните-гарнизоните.
Потполковник Зоранче Ристовски
Потполковник Зоранче Ристовски е роден на 21 мај 1971 година во Битола. Средното образование го завршува на електро-машинскиот училиштен центар во Битола, а потоа школувањето го продолжува на Техничкиот Факултет во Битола каде по дипломирањето се стекнал со титула дипломиран машински инженер. На Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го завршил курсот за стручно оспособување на офицери за службите на АРМ, каде е произведен во чин поручник.
Воената кариера ја започнува како Командир на самостоен вод за техничко обезбедување, во 2.Логистички баталјон – Кичево. Во досегашната негова кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон, а од 19.02.2019 година е поставен за Командант на 2.Логистички баталјон.
Има завршено повеќе курсеви од областа на техничката служба меѓу кои Automated logistic specialist, Fort Lee, Virginia, CREVAL, курс во Загреб – Хрватска и други. Учествувал на повеќе вежби во Републиката и странство од кои „LOGEX 2013“ Сараево, Б и Х, вежба „REGEX 2019“, а од јули 2008 до јануари 2009 година учествувал во мисија ИСАФ Р. Авганистан и од јули 2015 до јули 2016 година учествувал во мисија УНИФИЛ – Либан.
Во надградување на своето образование продолжил на Техничкиот Факултет во Битола каде и магистрирал стекнувајќи се со титула магистер по машински науки. За постигнатите успеси и резултати во работата повеќе пати бил пофалуван, наградуван како и одликуван со НАТО медал за учество во операција за поддршка на мирот ISAF во Р. Авганистан,UN медал за учество во мисијата UNIFIL во Либан, Сребрена значка за координација, соработка и партнерство, Мала златна плакета од НГШ.
Активно го користи англискиот јазик STANAG 3.3.3.2+.
Брачна состојба: оженет, со две деца.
Претходни должности:
- Командир на самостоен вод за техничко обезбедување, во 2.логистичка база,Кичево 1998-2003 година;
- Началник на техничка служба во ЦОРП, Велес 2003 година;
- Командир на вод за техничко обезбедување, во ЦОРП Велес, 2003-2006 година;
- Офицер за одржување во С-4,Логистика во КзО – Команда за обука, 2006-2011 година;
- Офицер за набавки во С-4, во КОД-Команда за обука и доктрини, 2011-2012 година;
- Командир на логистичка чета, во 2.логистички баталјон, 2012-2014 година;
- Началник на штаб/заменик на командант во 2.логб, 2014 – 2019 година.
- Командант на 2.логб., 2019 година.
Унапредувања:
- Поручник 1998-2000 година;
- Капетан 2000-2011 година;
- Мајор 2011-2016 година;
- Потполковник 2016 година.
Својата мисија, 2.логистички баталјон ja започна на ден 01.04.2006 година.
Во изминатиот период целокупниот состав на 2.логбн беше ангажиран на спроведувањето на задачите и обврските што произлегуваа од мисијата дадена за 2.логбн.
Како резултат на сите преземени активности на припадниците на 2.логистички баталјон беше обезбеден висок степен на вкупната б/г, монолитноста и единството на воените колективи што овозможија и побрза имплементација и реализација и на задачите кои беа поставени пред нас.
Сето ова може да се согледа и низ приложените показатели и реализацијата на следните задачи:
- Пополна на единиците со персонал и ТМС;
- Изработка на упатства и елаборати;
- Секојдневни раздвижувања на единиците, организација и извршување на маршеви и превезување на ТМС;
- Успешна и квалитетна реализација на зацртаната Мисијата и поставените суштински задачи со максимално залагање на сите;
- Обезбедување на логистичка поддршка на 2.мпбр;
- Реализација на гарнизонските активности во гарнизоните Кичево, Охрид и Тетово;
- Преструктуирање согласно усвоениот Стратегиски Одбранбен Преглед;
- Стражарско обезбедување на издвоените објекти: Челопеци, Еребино, Кукул и Мауцкер, касарна Битола;
- Логистичка поддршка на единиците од 2.мпбр, во нивна подготовка за учество во мисијата ИСАФ во Авганистан;
- Учество со сопствен персонал во склоп на контингентите ИСАФ;
- Доградба и ставање во функција на сервисната станица во Кичево;
- Инсталирање на нови апарати за точење на гориво во склоп на бензинските пумпи во касарните во Тетово и Кичево;
- Изработена натстрешница за бина во Тетово;
- Покривање на кров во амбуланта во Охрид, перална во Кичево, магацин за МС во Охрид, ТЕБ Прилеп и караула Попова Шапка;
- Автоматско вклучување на агрегат во команда на бригада;
- Адаптација на санитарен јазол во објектот 25 Кичево и војничкото купатило;
- Изградена платформа во објектот автокамп – „Св. Наум“;
- Поправен машински дел во перална Кичево;
- Оспособување на паркинг простор во касарната во Кичево;
- Пуштање во функција на ТЕБ Прилеп;
- Целосно реновирање на објектите 11 и 12 во касарната во Кичево;
- Реновирање на објектот во Попова Шапка;
- Реновиран објектот за сместување на стражата и вработените во складот Еребино;
- Предавање на локалната самоуправа поголем дел од објектите во касарната во Битола;
- Дислоцирање на единиците од касарната во Охрид во касарната во Кичево;
- Во касарната во Охрид извршено е уредување на објектите за сместување на единицата која остана на обезбедување;
- Во касарната Кичево извршено е рушење на дел од објектите, а демонтираниот материјал кој можеше да се користи е однесен во кампот Свети Наум;
- Активно учество во изградбата на новите објекти во кампот „Свети Наум“;
- Извршено е градежно уредување на Сервисната станица во касарната во Кичево;
- Извршено е комплетно уредување на подрумските простори во командата на 2.мпбр (објект број 3);
- Извршено е преселување на опремата од ресторанот и дел од кантината од битолската касарна во ресторанот „Крушино“;
- Уредени и предадени простории за потребите на ЛИС во касарните во Кичево и Тетово
- Извршено е рушење на 16 објекти во касарната Кичево;
- Извршена е замена на дел од мазутната линија за претовар на мазут во ТЕС Кичево;
- Во касарната Кичево извршено предавање на 7 објекти во сопственост на локалната самоуправа на градот Кичево;
- Реализација на голем број на активности на логистичка поддршка на цивилни структури;
- Логистичка поддршка и активно учество во оспособувањето на објектите и внатрешните инсталации на касарната во гарнизонот Прилеп, се со цел создавање на услови за живот и работа на единиците на АРМ, кои што треба да престојуваат во истата.