Мисија:
Баталјонот за Воена медицинска поддршка обезбедува зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата, а со тоа и високата борбена готовност на единиците, командите и установите на Армијата.
Задачи:
- Спроведување и контрола на превентивно-медицинските активности во единиците и установите на Армијата;
- Примарна здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
- Специјалистички здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
- Медицинско обезбедување на:
– Теренски активности на единиците на Армијата;
– ВИП личности и делегации од земјата и од странство;
– Учество на медицинскиот персонал во мировни мисии;
– Носител на реализацијата на партнерската цел за формирање на Role-1 Мобилна полска болница за медицинска поддршка на Армијата;
– Медицинска обука на персоналот од Армијата и МВР, како и на припадници на НАТО и ПзМ армии.
Одделение за превентивна медицина
Суштинска задача на OПМ е унапредување и одржување на здравјето и подготвеноста на припадниците на Армијата преку:
- Спроведување на превентивно-медицинските активности во единиците, установите и командите на Армијата:
– Хигиенско-профилактички и против епидемиолошки мерки;
– Санитарен надзор и хигиенско епидемиолошка проценка;
– Хигиенска контрола на водоснабдувањето и исхраната;
– Дезинфекција, дезинсекција и дератизација;
– Систематски специјалистички прегледи (АВЛ, вработени во МО, пред и после извршена мисија, доброволно служење на воен рок, упатување на школување во странство и во дипломатско-конзуларни претставништва).
ОПМ е организиран во 5 одделенија кои претставуваат организациона-стручна целина во процесот на работа и тоа:
– Одделение за епидемиологија;
– Хигиенско-хемиско одделение;
– Одделение за микробиологија;
– Одделение за медицина на трудот;
– Одделение за медицинска информатика.
Воена амбуланта
Задачи:
- Примарната општо-медицинска заштита;
- Примарната стоматолошка заштита;
- Медицинско обезбедување во касарните и на теренските активности на единиците на Армијата;
- Медицинско обезбедување на ВИП личности и делегации од земјата и странство при посета на Армијата и МО.
Одделение за специјалистичко консултативна дејност
Задачи:
- Систематски специјалистички прегледи;
- Специјалистички здравствена заштита на вработени во Армијата и МО од доменот на амбулантно-поликлинички специјалистички служби:
– Интерна медицина,
– Неврологија;
– Психијатрија;
– Офталмологија;
– Оториноларингологија;
– Рентген дијагностика;
– Општа стоматологија;
– Детска и превентивна стоматологија;
– Ортодонција на вилици и заби;
– Болести на уста и заби;
– Стоматолошка протетика.
Одделение за медицинска обука
Спроведува медицинска обука на припадници на Армијата, припадници на други државни институции во Републиката, како и за потребите на НАТО и Партнерските нации. Вкупниот број на слушатели кој ги посетувале и успешно ги завршиле курсевите во ОМО изнесува 2029, од кој 1679 на македонски а 350 на англиски јазик.
Задачи:
- Оспособување за укажување на итна медицинска помош и самопомош;
- Обука на животоспасувачи;
- Обука на медицински тимови;
- Обука на инструктори;
- Обука и тренинг на медицинскиот персонал во Армијата.
Полковник Елизабета Наумовска-Петрески
Полковник Елизабета Наумовска-Петрески е родена на 16.12.1972 година во Скопје. Целото свое образование го стекнува во родниот град. Со стручен назив доктор на медицина се стекнува по завршување на Медицински Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во 1999 година. Во 2011 година станува специјалист од областа на Примарна Здравствена Заштита.
Својата професионална кариера во Армијата ја започнува во 2000 година на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Активна служба започнува во 2001 година како Началник на стационар за лекување во Воената Амбуланта „Илинден“ – Скопје. Во период од 2002 до 2006 година е Управник на воена амбуланта „Илинден“ – Скопје.
Има учествувано на многу курсеви и вежбовни воено медицински активности во земјата и странство. Учесник на вежбовни активности: „Rescuer 2006 – Medceur“ во 2009, 2010 и 2012 година, „Safe Path“ и „Seven Start“ во 2012 година. Во 2015 година беше учесник на најголемата НАТО воена вежба, „Trident Juncture 15“. Во 2014 година има завршено курс за НАТО здружено воено медицинско планирање. Во 2020 година НАТО Курс за Стандардизација. Успешно завршува две мировни мисии предводени од Европската Унија во 2010 и 2013 година. Во 2013 година е лидер на медицински тим и најстар национален претставник. Национален координатор на проектот „Интерконекција на Воени Болници“ во рамките на земјите на Југоисточна Европа од 2015 година. Претседател на Работна група за НАТО стандардизација од областа на Воената Медицина и Заштита на Животната Средина е во период од 2013 до 2019 година.
За својата работа повеќе е пати е наградувана и пофалувана, меѓу кој се пофалници од Министерот за Одбрана во 2005 и 2007 година, од НГШ на Армијата 2014, 2016 и 2019 година, од Командантот на Бригадата за логистичка поддршка и Командантот на гарнизон Скопје, парична награда од Министерка за одбрана во 2020 и 2021 година, сребрена значка од Министерка за одбрана во 2021 и средна плакета за 2021 и сребрена значка за 2023 година од НГШ на Армијата. Активно го зборува англискиот јазик. Полковник Елизабета Наумовска-Петрески е мажена и мајка на две ќерки.
Претходни должности:
- Началник на стационар за лекување во Воената Амбуланта „Илинден“ – Скопје (2001-2002);
- Управник на Воената Амбуланта „Илинден“ – Скопје (2002-2006);
- Офицер за снабдување и вршител на должност офицер за медицинско планирање во Одделението за здравство Ј4/ГШ (2006-2007);
- Началник на Секција за воено-медицинско планирање, обука и вежбовни активности во Воено-медицинскиот Центар (ВМЦ) (2011-2012) и
- Заменик Командант/Началник на Штаб на ВМЦ (2012-2020).
Унапредувања:
- Поручник 2001-2004;
- Капетан 2004-2009;
- Мајор 2009-2017;
- Потполковник 2017-2023;
- Полковник 2023.
- Команда
– Командант;
– Главен подофицер.
- Центар за превентивна медицина;
- Воена амбуланта;
- Центар за специјалистичко консултативна дејност;
- Центар за медицинска обука.
Воено-медицинскиот центар е формиран на 11.01.2010 година со одлука на Претседателот на РМ, по трансформацијата на Воената болница.
Мировни мисии:
- Учество со персонал во мисијата ИСАФ во Авганистан, во рамките на Здружениот медицински тим од земјите на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска и Албанија) во 7 ротации, во периодот од 2005 до 2009 година;
- Учество со персонал во 13 ротации во мисијата АЛТЕА/ЕУФОР во Босна и Херцеговина, во периодот од 2006 до денес;
- Учество на 2 подофицери за превентивна медицина во командата на ЕУФОР;
- Учество со Хируршки тим во мисијата ИСАФ-Авганистан, во составот на Норвешката полска болница. Оваа мисија започна во 2008 година.