Денес 29.11.2017 година во посета на полкот за Специјални Операции беше делегација на специјалните сили на Република Италија.
Делегацијата за време на посетата беше запознаена со структурата, мисијата, основната функција на единицата досегашните стекнати искуства како и капацитетите кои се користат за време на обуката. Од страна на гостите беше презентирана организацијата на специјалните сили во Република Италија, капацитетите и терените кои ги користат за обука и нивните досегашни искуства.
Целта на оваа експертска средба е да се разгледаат можностите за евентуална заедничка обука како и продлабочување на веќе постоечката соработка.