На полигоните во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“ припадниците на полкот за Специјални Операции заедно со своите колеги од специјалните единици на МВР реализираа заедничка обука.
Најдобрите во својата професија во изминатите неколку дена разменуваа знаења и искуства од својот делокруг на работата. Оваа обука е резултат на научените лекции од првата интерагенциска вежба „Есенска Бура“ која се реализираше минатата година на иницијатива на полкот за Специјални Операции. Научените лекции и искуства од оваа заедничка обука помеѓу припадниците на полкот и специјалните единици на МВР со сигурност ќе бидат имплементирани и ќе бидат од огромна корист во наредната заедничка вежба „Есенска Бура 19“ која ќе се реализира при крајот на оваа година.
З/Б