Во касарната „Илинден“ – Скопје, во организација на полкот за специјални операции (ПСО), традиционално пред Нова година се реализира поделба на новогодишни пакетчиња.
Околу 200 деца на припадници на единиците кои се распоредени во касарната „Илинден“ имаа можност да ги добијат новогодишните пакетчиња од Дедо Мраз, кој оваа година симболично пристигна со параглајдер.
Со оваа манифестација ПСО уште еднаш предновогодишно за најмладите ја демонстрира својата отвореност и хуманост и во пракса продолжувјќи традиција која е една од најубавите во биграфијата на единицата.