Денес 12.05.2015 година во посета на полкот за специјални операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Летонија, предводена од Министерот за одбрана Рејмондс Вејонис.
Делегацијата беше пречекана од страна на заменикот на командантот на полкот за специјални операции полковникот Орце Јордев заедно со потесниот дел од командата. За време на посетата делегацијата беше брифирана за самата единица, нејзината структура и за досегашните стекнати искуства. Посетата продолжи со тактичко технички збор каде беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое го користи единицата а беше организирана и методско показна вежба на повеќенаменската алпинистичка кула.
Министерот за одбрана на Република Летонија на крајот од посетата се запиша во книгата на впечатоци на единицата напоменувајќи дека ваквите едници се од особена важност за една држава, при тоа го потенцираше високото ниво на подготвеност кое беше демострирано од припадниците на полкот.