На ден 23.07.2018 во посета на полкот за специјални операции беше шефот на канцеларијата на НАТО при Министерството за одбрана, морнарички капетан Горазд Бартол, со своја делегација.
За време на посетата се разговараше за потребите и можностите за соработка на полкот за специјални операции со канцеларијата на НАТО, односно со единиците за специјални операции на НАТО. Посебно интересна за полкот е соработката со НАТО штабот за специјални операции (NSHQ), кој нуди поголем број на курсеви и обуки кои се исклучиво поврзани со изведување на специјални операции.
На состанокот се заклучи дека за остварување на дискутираните потреби и планови, потребно е да се одржува и зголемува соработката со канцеларијата на НАТО, особено со НАТО штабот за специјални операции.
СН