Тимот од составот на ренџерскиот баталјон, од полкот за специјални операции, кој учествуваше на натпреварот „Најдобар војник“ кој се реализираше во Косово, го зазеде второто место во конкуренција помеѓу 40 натпреварувачи од 10 држави.
Натпреварот се реализираше во периодот од 22 до 25.04.2019 година. Покрај нашиот тим учествуваа и тимови од Полска, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Белгија, Канада, Турција, Косово, Хрватска и Албанија, кои се натпреваруваа во ориентација дење и ноќе, стандардни физички проверки, гаѓање со лично вооружување, комбинирани пешадиски препреки и марш од 15 километри, со временско ограничување од 2 часа и триесет минути, со комплетна опрема и ранец од 10 кг.
Високата физичка спремност, пожртвуваноста и мотивираноста да се претстави единицата и државата во најдобро светло, резултираше да се постигне овој нов успех на ренџерите, кој е уште една потврда за квалитетите кои ги поседуваат припадниците на оваа единица.
ЗБ