Во периодот од 14 до 16.10.2014 година на полигонот за обука во поширокиот реон на Чојлија четата за длабинско надбљудување од составот на ренџерскиот баталјон реализираа тимска вежба „Тим за длабинско надбљудување во бегство и спасување“.
Оваа вежба претставува дел од обуката која беше планирана во годишниот план за обука и одржување на борбената готовност на четата за длабинско надбљудување (чДН). Самата цел на вежбата беше извежбување на Стандарните Оперативни Процедури, во ситуации кога тим за длабинско надбљудување е компромитиран и преминува во бекство. Со цел да вежбата биде што по поблиску до реалните услови беа користени и кучиња за трагање и пребарување од Центарот за одгледување и дресура на кучиња.
И покрај истекнувањето на сертификатот за декларираност, четата и понатаму работи на одржување на капацитетите и способноситете според НАТО стандардите.