Во периодот од 9 до 16.04.2019 година четириесетина припадници на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции реализираа обука во летна алпинистика и јазење.
Обуката се реализираше на терените и алпинистичките патеки во поширокиот реон на Демир Капија со цел припадниците на единицата да ја одржат и надградат својата висока обученост во алпинистика и јазење.
Осум дневната обука беше сеопфатна и при тоа се реализираа различни теми започнувајќи од основните јазли и алпинистичка опрема па се до комплексни вежби за совладување на тешко проодни правци со користење на алпинистичка опрема во дневни и ноќни услови.
Ренџерите се стремат секогаш да се на највисоко ниво на спремност, затоа постојаните извежбувања кои ги реализираат се од суштинско значење за единицата.