На ден 12.09.2017 година во касарната „Илинден“ – Командата од полкот за Специјални Операции реализираше Вежба на Командно Место.
Обуката се реализираше врз основ на годишниот и месечниот план за воено стручна обука на Командата на полкот за Специјални Операции. Припадниците на полкот низ процесот на донесување на воена одлука ги извежбуваа своите способности за навремено и правилно донесување на одлука. Иако се работеше за замислено сценарио залагањето на секој еден припадник беше повеќе од очигледно.
Континуираните вежби, гаѓања, маршеви итн. допринесуваат да нивото на спремност на командата на полкот биде секогаш на највисоко ниво.