Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари средба со досегашното резидентно одбранбено аташе на Република Турција во Република Северна Македонија, полковник Серкан Чакир, кој оваа должност ја извршуваше изминатите три години.
Генералот Ѓурчиновски му изрази благодарност на полковник Серкан Чакир за неговото ангажирање и посветеноста во развивањето на континуирано добрата билатерална соработка, која е особено значајна во полето на едукацијата на нашите кадри на воено-образовните институции во Република Турција, како и соработката во процесот на модернизација на Армијата.
Полковникот Чакир се заблагодари за поддршката од началникот на Генералштабот и од припадниците на Армијата, за време на неговиот мандат во Република Северна Македонија, посебно за поддршката со тимовите за пребарување и спасување во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Република Турција, при што изрази ветување за понатамошна поддршка на Армијата и од новата должност.