Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со резидентното одбранбено аташе на Република Унгарија акредитирано за Република Северна Македонија, потполковникот Ласло Надас.
Во рамки на денешната средба, на генералот Лафчиски му беше врачена честитка за поставувањето на должноста од началникот на Генералштабот на ВС на Унгарија, генерал Габор Боронди.
На средбата се разговараше за продолжување на воспоставената на соработка помеѓу двете армии како и проширувањето на можностите за соработка во делот на воената едукација.
Генералот Лафчиски во оваа прилика изрази благодарност до потполковникот Надас за поддршката при гаснењето на пожарите, како и за континуираното учество на унгарските питомци на летниот кампус.