По повод одбележувањето на празникот 2 Август, Денот на Републиката и Првото заседание на АСНОМ делегација предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
Делегација предводена од бригаден генерал Орце Јордев, советник на НГШ на Армијата, со полагање на свежо цвеќе оддаде почит пред споменикот „Македониум“, споменикот на Хероите „Слива“ и споменикот на бранителите на Крушевската Република „Мечкин Камен“ на прославата во Крушево.
На одбележувањето на празникот во Скопје учествуваше делегација на МО и Армијата, која оддаде почит пред спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто, споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието.