Вчера, 01.08.2014, како дел од програмата за одбележување на 2 Август-Денот на Републиката, во рамките на научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“, припадници на Баталјонот за почести го подигнаа бајракот на Крушевската Република.
Овој бајрак ќе се вее десет дена, се до 10.08.2014, колку што постоела и Крушевската Република.
Припадниците од Баталјонот за почести, во рамките на горенаведеното одбележување, вчера учествуваа и на Свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.