Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, денес, оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Јапонија, полковник Тому Саито, на која се разговараше за можноста за развивање на потенцијална билатерална соработка во иднина.
Полковникот Саито е нерезидентно одбранбено аташе акредитиран за Република Северна Македонија од 2021 година, а оваа должност ја извршува со седиште во Виена, Австрија.