Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, оствари средба со командантот на Бригадата за Југоисточна Европа -SEEBRIG, бригаден генерал Билбил Битри.
На средбата во Генералштабот се разговараше за придонесот кој го дава Армијата со своите декларирани единици и штабен персонал во бригадата, планираните активности, но и поддршката која ја овозможуваме како земја домаќин за функционирањето на оваа команда, со седиште во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Бригадата за Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната, познат како Договор за мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа.